Чувства без наслов

Постхумна промоција на единственото творечко дело на  доајенот на охридското новинарство, Никола Маневски.

 |  Крсте Голабовски  | 
kniga Cuvstva bez naslov
книга Чувства без наслов

kniga Cuvstva bez naslov„Срцето му беше разнежено како песна, душата опиена како мирисна пољана, а разумот исполнет со свети слики“. Преку оваа карактеризација на главниот лик од новелата „Чувства без наслов“, советникот за култура Митре Вељаноски ја опиша личноста на доајенот на охридското новинарство, Никола Маневски. Вељаноски додаде дека преку ова негово дело имаме можност да се запознаеме со сета големина на личноста на Маневски.

Вељаноски потенцира дека станува збор за личност, поет, хуманист и филозоф. Личност која секогаш се спротивствауваше на малограѓанштината и политиканството, кое денес не ги бира средствата да навлезе во сите пори од нашиот живот.

„Сите новинари во Охрид и Македонија знаеја дека Маневски е бард, доајен на новинарството, а ние во локалната знаевме дека е невиден соработник и пријател и дека општата именка „човек“ пред неговото име е напишана со голема буква., Кажа Вељаноски.

kniga Cuvstva bez naslovШто се однесува до главниот лик во новелата, кој едноставно е насловен како „ТОЈ“, Вељаноски вели дека несомнено е никој друг туку самиот Маневски. Авторот на поговорот кон ова дело, поетот Славе Ѓорго Димовски кажа дека пред нас стои една извонредно префинета проза во која, преку една камерна љубовна приказна, Маневски вниманието го насочува кон негувањето и зачувувањето на високите животни вредности. „Маневски преку една современа приказна сака да ни ја прикаже ерозијата на новото време на изгубени вредности, но и живи дамари кои се спротивставуваат на вителот на општото. Маневски внимателно го насочува вниманието кон негувањето на високите животни вредности,“, кажа Димовски.

Никола Маневски, професионален новинар и портпарол во Општина Охрид е роден 1950 година во Охрид. Почина на 1 август годинава, вршејќи ја должноста раководител на Одделението за односи со јавноста при Општина Охрид. На промоцијата на неговото дело, присуствуваа членови на потесното семејство,на Маневски, покровителот на пормоцијата, градоначалникот Александар Петрески, голем број соработници, колеги новинари и бројни гости.Свој настап имаа и учениците од ОМУ „Методи Патче“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top