Грашница повторно им создава главоболки на жителите во Воска

Обилните врнежи во текот на викендот им ги поплави дворовите, а во домовите  имале проблем со канализацијата.

 |  Валентина Неловска  | 
Grashnica
Грашница

На дел од жителите на улицата Ариф Мустафа на потегот од Булевар Туристичка до Гоце Делчев реката Грашница повторно им задава главоболки. Обилните врнежи во текот на викендот им ги поплави дворовите, а во домовите  имале проблем со канализацијата.
Жителите на дел од Ариф Мустафа признаваат дека немаат приклучок за канализација, ама велат уредно плаќаат сметки за колекторот. Утрово се сретнале со раководителот  на Фондот за комунален развој Емин Селман при што им ветил  расчистување на коритото. Но,  ветувањето не било одржано.  Крајно револтирани жителите велат биле принудени сами да се снаоѓаат и  на свој трошок да ангажираат механизација за да се справат со проблемот. Како што тврдат жителите проблемот се влошил пред 1,5  година кога се поставиле цевките, кои токму требале  да го регулираат речното корито и да го решат  проблемот со поплавите во Воска.
Од Фондот за комунален развој, пак за актуелниот проблем  со излевањето на реката Грашница во Воска  истакнуваат дека работат на нејзино регулирање. Досега избетонирале 60 метри од речното корито и доколку дозволат временските услови, велат  ќе работат на зидање на речното корито. Немаат намера да ги отсранат поставените цевки кои жителите бараат да ги тргнат  затоа штио им се потребни за непречена  работа на регулација на речното корито.
„Раководителот на фондот, Селман  информира дека  ги известиле граѓаните да го отстранат она што го узурпирале од државното земјиште, а им смета при изведувањето на регулацијата.Тој објаснува  дека доцнеле со работите заради повторување на тендерскиот оглас, а во меѓувреме регионот го зафатиле силни врнежи“.
Проблематичното речно корито на Грашница треба да се санира во должина од 450 метри. Обезбедени се пари за санација на речното корито од Фондот за води и од Локалната самоуправа.  Од Фондот за комунален развој ветуваат дека ќе изгради современ речен кеј кој ќе ги спречува понатамошните поплави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top