Охридско лето не сака да ја дели Св. Климентовата награда со никого. Директорот и Управниот одбор на оваа институција сметаат дека неможат да се споредат со ниту една институција во однос на работите кои ги имаат направено за промоција на Охрид во изминативе 50 години.
„ Во врска со наградата мојот став лично но УО е дека оваа награда не треба да се прими во пакет со уште двајца. Не сакам никого да невредувам но мое мислење е дека фестивалот треба да биде единствен. Наградата нема да ја примиме во пакет“, вели в.д директор на НУ Охридско лето, Васил Зороски.
И претседателот на УО го дели истото мислење со директорот на оваа институција. Велјановски вели дека СВ. Климентовата награда ја заслужува исклучиво Охридско лето.
„ Дали имало политика неможам да кажам. Тврдам дека УО не води од политика.
Можеби лани успеаја да ја заташкаат работата до некаде, но годинава си зедоа преголем залак со името на Охридско лето“, вели Зоран Велјаносвски, претседател на УО на Охридско лето.
Спротивно на ова, наградата е добредојдена и прифатена од здружението Богојавление. Претседателот Љупчо Арнаудов вели дека голема чест и мотив за здруженито да го понесе највисокото општинско признание.
И Митко Пендов член на Богојавление смета дека ова здружение има многу постигнато за промоција на Охрид и дека наградата оди во вистински раце.
„Св. Климентовата награда не ја доделува грдоначалникот, туку комисја составена од членови на советот на општина Охрид“, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој признава дека лани имало скандал со наградата, но оваа година според градоначалникот т до овој момент немало скандал.
„ Годинава немаше скандал до овој момент. Скандалот настана откако Охридско лето се откажа од наградата. Досега немаше политика.
Ако ме прашате мене лично единствено кој не ја заслужува наградата е охридско лето. Единствено тие изминативе години го деградираа Охрид и градоначалникот, вели градоначалникот Александар Петрески.
Според градоначлникот СВ. Климентовата награда најмногу ја заслужува фондацијата Рамковски, поточно Велија Рамковски. Петрески со воодушевување кажуваше како Рамковски преку својот медиум емитувајќи шпици од Охрид. секојдневно го промовирал нашиот град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град