„Св. Богородица Пречиста“, одбележана во Струга. Во непосредна близина на „Женска плажа“ каде што неодамна при ископ за билборд назреа темелите на некогашната Црква Св. Богородица Пречиста, се одржа света литургија. И годинава традиционално, на посната трпеза по повод празникот се најде проскура, пченица и вино. Претседателот на „Наша Струга“, Др. Јосиф Беле, истакна дека одбележувањето на овој верски празник од година во година е се помасовен и оти стружани се покажаа како големи верници.
Претседателот на „Наша Струга“ верува дека до година на ова место стружани ќе имаат уште поголем мотив да доаѓаат. Беле напомена дека веќе при крај биле работите околу добивање дозвола за изградба на една од двете цркви, прво Св Богородица Пречиста, па потоа и Св. Варвара, за кои постојат факти дека отсекогаш постоеле на тоа место.
Беле рече дека никако не смее да се заборави и заложбата на МПЦ околу средување на сите потребни документи за тоа. Тој кажа дека в рака како аргументи имаат над 20 документи кои неспорно говорат за постоење на верски објекти, кои до 30-тата година од минатиот век, постоеле заведени во сите катастри Турски, Српски и Бугарски.
Претседателот на „Наша Струга“, Др. Јосиф Беле, деновиве очекува и прием кај Премиерот Груевски, со цел до крај да се дефинираат сите работи околу изградбата на Црквата Св. Богородица Пречиста. Но длабоко е уверен дека нема сила која може да застане на патот кон реализација на нивните цели.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град