Бојкот на Свечената академија

Дејан Паноски во име на неговата советничката група, на денешната пресс конференција јавно го изнесе партискиот став.

 |  Билјана Николоска  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски

Охридскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја бојкотира свечената академија на 8 ми Декември.

Дејан Паноски во име на неговата советничката група, на денешната пресс конференција јавно го изнесе партискиот став. Тој потенцира дека доделувањето на Св. Климентовата награда на Велија Рамковски е невиден скандал. Паноски изрази несогласување и отпор кон ваквиот според него скандалозен чин. „За советничката група на ВМРО-ДПМНЕ овој срамен чин е вознемирувачка политичка инструкција на Градоначалникот на Охрид, на заменик – градоначалникот како гласач во Комисијата  за  одбележување на празници и манифестации и воопшто на СДСМ, кои својот долг за  премолчувањето на деградацијата на Охрид  од страна на медиумите на Рамковски, реши да го отплати со предавство на Охрид и поигрување со гордоста на Охриѓани“.  

Паноски додаде дека предавниците на градот овојпат длабоко навлегле во интимата на Охрид. Тој во ниту еден контекст неможе да препознае која е идентификацијата на Рамковски со Охрид, за да може точно тој, да го понесе највисокото општинско признание. „Поради тоа што сметаме дека оваа политички инструирана одлука за доделување СветиКлиментова награда на Охрид на Рамковски Велија е деградација и на самата Светиклиментова награда, и предавство врз градот Охрид и деградација на достоинството на граѓаните на Охрид – Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука на ден 8-ми Декември 2010 година, да ја БОЈКОТИРА Свечената Академија на која ќе се врачуваат наградите на добитниците заради фактот што тоа ќе биде момент на најголемиот пораз за Охрид, пораз наметнат од самиот Градоначалник на Охрид Петрески и неговата СДСМ, изјави Паноски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека после овој чин на градоначалникот, Охрид нема повеќе градоначалник. Додаде, дека бојкотот на свечената академија е најмал чекор што го прави советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во одбрана на Охрид. Паноски исто така потенцира дека неговата советничка група ќе се вклучи во сите останати активности по повод патронот на градот 8 ми Декември.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top