Најдобро се учи преку пример

На крводарителската акција која денес се одржа во Основното училиште „Св.Климент Охридски“, од својата скапоцената течност даруваа, родителите на учениците, професорите и останатите вработени во ова училиште.

 |  Крсте Голабоски  | 
krv
крв

uceniciНа денешната кводарителска акција, реализирана на иницијатива на О.У. „Св.Климент Охридски“ а со помош на О.О. на „Црвениот Крст“ од Охрид, најмладите од ова основно училиште се „заразија“ со вирусот на хуманоста. На акцијата беа собрани 38 единици на крв кои ќе бидат искористени за потребите на пациентите во Општата болница .Директорката на училиштето Славица Илиќ кажа дека оваа година во чест на патрониот празник, одлучиле програмата да биде малку поразлична.

„Освен што традиционално имаме свечени приредби, одлучивме годинава да ја покажеме нашата хуманост со организирање на ваква хуманитарна акција во просториите на училиштето токму кога се одржува наставата“, потенцира Илиќ.

Илиќ додаде дека за хуманоста најмладите најдобро може да научат преку пример. Директорката потенцира дека во ова училиште, многу внимание и посветуваат на оспитната компонента, афирмирајќи ја хуманоста и фактот дека нема поубаво чувство од чувството кое се добива кога му се помага некому. И претседателот на О.О. на „Црвениот крст“ од Охрид, Сашо Точко согласен.  Тој потенцира дека  денес во импровизираната соба во која се даруваше крв, најмладите можеа да се запознаат со дарителите, докторите и видат колку важна работа е хуманоста.

„Најмладите од ова училиште видоа како се зема крв и ја допреа хуманоста, но и сфатија каде оди таа дарувана крв. Кој е патот на крвта која овие хумани луѓе ја даруваат“, кажа Точко.

Од својата скапоцена течност, дадоа родителите на учениците, наставниот кадар и останатите вработени во ова училиште и припадниците на противпожарната единица од нашиов град. Изостана учеството на претставниците од политичката елита во градов, кои всушност требаше да бидат меѓу првите кои ќе учествуваат на овој хуманитарен настан. Изгледа високиот крвен притисок, си го направи своето…

Денешнава крводарителска акција која требаше да претставува обид да се анимира политичката елита од градов, истата да престане со говорот на омраза и својата хуманост да ја покаже на дело, единствено не успеа во таа намера. Изгледа уште долго политичарите од нашиов град ќе крварат преку говорот на омразата, наместо да се фокусираат на активности со кои ќе ги поттикнуваат вистинските морални и етички вредности.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top