Чедомир Јаневски е новиот тренер на “Црвена Ѕвезда“

Македонскиот фудбалски стручњак е новиот тренер на “Црвена Ѕвезда“.

 |  Крсте Голабовски  | 

Македонскиот фудбалски стручњак е новиот тренер на “Црвена Ѕвезда“.

Јаневски не успеа да го среди своето експресно пристигнување од Дубаи во Белград во понеделникот, па затоа договорот со најтрофејниот српски клуб го потпиша по пат на размена на факсови. Јаневски се обврза на едногодична верност на црвено-белите, а денес попладне треба да допатува во Србија, официјално да ја преземе функцијата.
Во пресрет на неговото пристигнување од Дубаи, некогашниот тренер на белгискиот „Бриж“ го потврди своето доаѓање во „Црвена Ѕвезда“.

„После неколку денови на интензивни преговори со Илија Ивиќ, постигнавме договор и јас го потпишав договорот се до крајот на сезоната“, рече Јаневски.

„Знам како изгледа да се работи во голем клуб, бидејќи дел од својата кариера го минав во „Бриж“ и „Олимпијакос“. Свесен сум за ситуацијата во која Ѕвезда се наоѓа, но не се плашам од предизвиците и подготвен сум да се зафатам со нималку лесната работа.“

Чедомир Јаневски за десет години на својата кариера ја предводеше младинската репрезентација на Македонија, второлигашот од Белгија „Бланкенберг“, а за четири месеци на клупата на „Бриж“, во 2007 година успеа да освои куп. Му беше асистент на норвежанецот Тронд Солид во „Олимпијакос“, а во Ѕвезда доаѓа од Ал Шааб, клуб од Обединетите Арапски Емирати, каде му помагаше на хрватот Лука Перузовиќ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top