Урбанизмот, работата на јавните претпријатија и формирање на нови како и потребата од кредитното задолжување на општината, беа точките околу кои на големо дискутираа советниците на ова 27-мо издание на седницата на советот. Ги усвоија предлог одлуките за основање на три нови јавни претпријатиа, следбеници на ЈП „Охридски Комуналец“. Станува збор за основање на ЈП за управување со градски гробишта, ЈП, за управување на пазари на гоелмо и мало и ЈП за вршење на погребни услуги.Охридските советници најмногу се исторошија околу извештаите за работењето на јавните претпријатија во Охрид. Опозицијата нормално, напаѓаше и незадоволна од работењето, а градоначалникот и директорите во одбрана на доставените извештаи. Ретко видлива сцена во Охридскиот совет е едногласното изгласување на одлуката. Денес тоа се случи со предлог одлуката за долгорочно задолжување на општина Охрид, со 360 милиони денари. Овие пари локалците ќе ги користат за репрограмирање на долгот, со што ќе се ослободат другите средства од буџетот на оптштината. Можноста на Охрид да побара кредит од комерцијалните банки е дадена од Владата на РМ, која што донела одлука дека три градови во Македонија и покрај тоа што се во прва фаза на децентрализација, можат да побараат кредит. За крај максимално исцрпени, советниците наместо поединечно и точка по точка да дискутираат, во пакет ги донесоа предлог одлуките за утврдување на НДУП. Станува збор за НДУП од урбаните заедници 11 и 12. Со тоа околу 14 часот заврши ова 27 издание на седницата на градскиот совет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град