„Порака Нова“ бележи позитивни резултати

Рекреативниот центар „Порака Нова“,  наменет за лицата со интелектуална попреченост функционира скоро 11 месеци.

 |  Валентина Неловска  | 
Poraka Nova
Порака Нова

13 годишната Марина Петреска своето слободно време го поминува во рекреативниот центар „Порака Нова“ од Струга, наменет за прифаќање на  лица со интелектуална попреченост. Марина заедно со останатите 48 корисници,  кои работат под менторство на повеќе едукатори и волонтери, можат да спортуваат,  но и да изучуваат странски јазици, компјутери, фолклор, градинарство.

Рекреативниот центар „Порака Нова“,  наменет за лицата со интелектуална попречена функционира скоро 11 месеци. Лицата кои го посетуваат центарот по 4 часа неделно, се на возраст од 6 до 50 години. Центарот во изминатиот период  остварил  позитивни резултати, истакнува задоволно, проект координаторот Анита Гагоска. Таа објаснува дека со работата на рекреативниот центар се исполнети и основните цели на проектот. „Обично времето на  лицата со интелектуална попреченсот е неисполнето, а тука нудат  активности со кои се  стекнува повеќе вештини и самодоверба на овие лица, за да знаат како да се заштитат во одредени ситуации“, нагласува Гагоска.

Рекреативниот центар „Порака Нова“,  изработил  база на податоци за сите лица со интелектуална попреченсот во општините Струга и Вевчани.  Ваквите  податоци се први на Балканот истакнува Гагоска. Таа открива дека корисниците на центарот се задоволни и среќни што го поминуваат времето тука. На 3 декември, на одбележување на Денот на хендикепираните,  корисниците на рекреативниот центар „Порака Нова“ ќе одржат фестивал во хотел Дрим, и ќе го презентираат она што го научиле во меѓувреме.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top