Белешки од стара Струга

Песни за Струга и стружани. Деновиве на оваа тема излезе и ЦД,  во изведба на Ансамблот „Диван“. Љубовта кон Струга и стружани е најсилниот мотив за реализациија на ова музичко издание, велат членовите на ансамблот.

 |  Билјана Николовска  | 
ansambl Divan
Ансамбл Диван

Струга иако е многу опеана, има сеуште да се пее за неа. Ансамблот „Диван“ веќе три години работи на тоа, а со своите песни се присутни во дел од угостителските објекти на охридско – струшкот регион. Членовите на овој Ансамбл со нескриена страст и со душа збоуваат за песните кои ги снимиле за Струга и стружани, се тоа спакувано во едно CD, насловено како „Белешки од стара Струга“ кое од неодамна е достапно за сите.

ansambl Divan

„Песниве ми лежеа на душа“, вели авторот на поголем дел од песните Владо Бунчески кој е и член на Ансамблот. Тој кажа дека со долготрајна и напорна работа конечно се реализирала нивната замисла. Додаде оти жали што неуспеале ЦД то да го слушнат оние кои со нетрпение го очекувале, но затоа пак тоа е посветено на нив. „ЦД то го посветив на Маријан, Кире, Јоско и Шишко, кои беа мои вистински другари и тоа другарство не се заборава така лесно“, вели Бунчески.

Љубовта кон Струга и стружани го направија своето. Бунчески вели дека неможе, а да не ги опее кажувањата на постарите за некогашна Струга, како и нивната носталгија за она време кога се  живеело сложно и со песна, а не како денес.

Андреески Андреа член на Ансамблот „Диван“, вели дека одлично функционираат. Тој додава оти досега како музички состав имаат постигнато многу и публиката веќе добро ги препознава.

Идејата за комплетниот изглед на ЦД то е реализирана, велат од „Диван“. Интенцијата била иако песните се нови да звучат како да се направени од пред 100 тина години во времето кога настанале песните за Струга. Бунчески остава отворен простор сите стружани кои имаат што да кажат за градот, слободно да му се обратат како се тоа би можело да се преточи во песна.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top