Унгарецот Персели победник на 23. Охридски атлетски маратон

Унгарецот Норбер Персели е севкупен победник на 23. Охридски атлетски маратон што традиционално се одржа по повод Денот на независноста на Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 

Унгарецот Норбер Персели е севкупен победник на 23. Охридски атлетски маратон што традиционално се одржа по повод Денот на независноста на Македонија.

Персели патеката долга 30 километри од „Свети Наум“ до Охрид ја мина за 1 час 48 минути и 44 секунди. Втор беше неговиот сонародник Иштво Нало, а трет македонскиот атлетичар Георги Трендафилов. Во женска конкуренција победи Марина Лукиќ од Србија со време од 2 часа 9 минути и 23 секунди.

Во рамките на Охридскиот, годинава беше одржан и Првиот регионален војнички маратон на кој учествуваа претставници од шест земји од регионот. Најбрз беше припадникот на Српската армија Горан Чега.

Денот на незавизноста во Охрид се одбележува и со многубројни културни манифестации, а денеска со свеченост беше означен и почетокот на изградбата на источната трансферзала во градот која треба да го растовари сообраќајот особено во летната сезона.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top