Субвенционирано вработување

Нова мерка за помош на жртвите на насилство. Според податоците на Националниот совет секоја 4 та жена е жртва на семејно насилство. Тоа не бира социјално економски статус, етничка припадност, ниту пол.

 |  Билјана Николовска  | 
nasilstvo
насилство

nacionalen sovet za rodova ednakvostЖените, жртви на семејно насилство, економски ќе се  зајакнуваат, преку мерката субвенционирано врабортување. Бројот на жртвите на насилство расте, но проблемот се намалува. Тоа пред се се должи на делување на институциите и граѓанските здруженија сметаат од Националниот совет на жени на Р. Македонија. Тие денес во Струга ја одржаа четвртата регионална деловна средба, на која акцент беше ставен на субвенционираното вработување на жени жртви на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност рече дека фирмите кои ќе вработат жртва на насилство ќе можат да користат субвенции од УНДП како и од кралството Холандија. Таа рече дека насилството евидентно е присутно кај нас.

Општина Струга годинава бележи пораст на жртви на насилство, вели Драгица Павлеска Попеска, од здружението „Езерка“, Струга. Но Попеска е загрижена што жртвите на насилство се и жртви на институциите.

Наде Мартиноска од Ж.Ц. „Бисера“, Охрид, рече дека голем напредок е постигнат во делувањето на проблемот со насилството. Според неа се повеќе жени имаат храброст лично да дојдат во нивните простории и да говорат за проблмите со кои се соочуваат.

Денес во Струга приватниот сектор беше запознат со Програмата за јакнење на националните капацитети за превенција на семејно насилство. Средбата е организирана од националниот совет на жени на Р. Македонија – СОЖМ, поддржана од УНДП, а во соработка со ЗЕЛС и Конфедерацијата на работодавачи на Р. Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top