Во МЈП „Проаква“ пресечени две црвени ленти

Стружани го добија најмодерниот едношалтерски наплатен центар за водоводно канализациони услуги, плус нов објект кај пречистителната станица во Враништа струшко.

 |  Билјана Николовска  | 
secenje crvena lenta
сечење црвена лента

secenje crvena lentaСвечено пуштен во употреба нов наплатен центар на МЈП „Проаква“, во Струга. Овој чин поздравен од раководниот тим на ова претпријатие, како и од двајцата градоначалници на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко. Но денес исто така во употреба беше пуштен и новиот објект  кај пречестителната станица во село Враништа, струшко поточно дел од проектот „ Рехабилитација на пумпните станици Охрид – исток“. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, рече дека кога се сака се се може и ова е уште еден доказ дека општините Охрид и Струга можат сами и без помош на Владата. Тој додаде дека добро е што има луѓе надвор од земјава кои знаат каде донираат средства.

„Заедно со Швајцарската Влада и фондацијата „СЕКО“ успеавме да обезбедиме опрема, за еден успешен проект кој го изработи МЈП „Проаква“, рече Петрески

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко пак, ја потенцира важноста и значението на овој објект. Тој изјави станува збор за тенденција со која ќе се допринесе да се зголемат инвестициите во заштитата на животната средина, што пак ќе остане наследство на идните генерации.

„Докажавме дека со заедничко вложување на двете општини можеме да постигнеме многу“, рече првиот човек на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски. Тој информира околу начинот на прибирање средства околу овој објект.

И директорот на Р.Е. колектор при МЈП „Проаква“, Ваит Ајро, кажа збор два околу важноста на пуштањето во употреба на новиот објект.

Стружани го добија најмодерниот едношалтерски наплатен центар за водоводно канализациони услуги, плус нов објект кај пречистителната станица во Враништа струшко. На двата чина присуствуваа видни личности од јавниот живот на Струга и Охрид.

nov naplaten centar

secenje crvena lenta

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top