Се` тече според зацртаното

Реконструкцијата на болницата дојде во вистински момент. Но дали работите околу тоа ќе финишираат навреме, останува да видиме. Портпаролот на болницата Сашо Василески, најави можност за изградба и на Ургентен центар.

 |  Билјана Николовска  | 
Opshta bolnica
Општа болница

dr. Sasho VasilevskiРаботите со делумната реконструкција на Општа болница Охрид течат редовно според зацртаниот оперативен план на изведувачите. Портпаролот на Општа болница Др. Сашо Василески вели, нивното лобирање до Владата на Р. Македонија и дозволата за реконструкција од страна на Министерството за здравство, дошла во вистинско време. Василески верува дека работите ќе завршат во предвидениот рок.

Се очекува дека условите за работа ќе се подобрат со делумната реконструкција на Општа болница Охрид, вели Василески. Исто така, во исчекување е и одлуката на ресорното министерство за тоа кој ќе седне на директорската фотеља во оваа установа.

Угледот и реномето на Охрид како туристичко место, не смее да се изгуби во поглед на здравството, вели Василески. Во тој контекст, портпаролот најави дека сериозно размислуваат после реконструкцијата на болницата да се лобира до Владата на Р. Македонија за изградба на Ургентен центар.

Останува да видиме дали очекувањата на моменталниот раководен тим на Општа болница Охрид ќе се исполнат. Василески кажа дека сегашната состојба со здравствениот систем е на задоволително ниво, без поголеми оптоварувања за корисниците на услугите. Оптимистичка изјава, со оглед на фактот што деновиве се погласно се зборува дека Фондот за здравство е пред колапс и дека бара средства од Владата за спас.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top