Од барот Објектив кој се наоѓа во непосредна близина на орманот тврдат дека во неколку наврати за проблемот ги информирале во ЕВН, но до денеска никој не превзел ништо.
Контактиравме со портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески кој за проблемот дозна од нас. По фотографиите кои му ги испративме тој призна дека овој орман кој е под висок напон е вистинска опаснот за граѓаните. Ковачески, спротивно од информацијата од граѓаните, тврди дека во кол центарот на ЕВН, се до нашето јавување не било пријавено за проблемот.
Според портпаролот уште попладнево екипа на ЕВН ќе го поправи ормарот.
Останува да видиме дали ова ветување нависна ќе биде реализирано. Затоа што неодама кога ги информиравме во ЕВН за сличен проблем на ул АРМ во населбата Гоце Делчев, оттаму излегоа со бизарно објаснување. Им пренеле на жителите од оваа улица дека не се во моженост да ја затворат вратата од големата трафостаница бидејќи не можеле да најдат соодветна брава.
Останува да видиме дали ЕВН со мерниот орман на кејот ќе го има истиот проблем и дали овојпат веднаш ќе се реагира.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град