Секоја обврска носи одговорност. Како што е познато од 15 ноември до 15 март, согласно програмата на Агенцијата за патишта и годинава патниот правец према „Галичица“ е затворен за сообраќај. Советниците на општина Охрид велат дека секоја година се соочуваат со истиот проблем, кој треба да се надмине. Претставникот на Комисијата за јавни и комунални дејности Јоне Станкоски, рече дека имаат програма за зимско одржување на локалните патиштата и доколку им се дозволи можат да се грижат и за патниот правец према НП „Галичица“.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески подршката за овој предлог ја даде со големо „да“ и понуди средства од буџетот за 2011 година. Тој смета дека одлуката на Македонија пат е спротивна на законот.
Директорот пак на НП „Галичица“, Зоран Ангелоски сосема поинаку гледа од советниците и градоначалникот. Тој ја образложи реалната состојба околу зимското одржување на патниот правец према Галичица. Според него во моментов тој пат не исполнува ниту минимум услови за движење на возила во зимски период.
Лазе Ставрески, одговорниот на „Македонија пат“, вели дека сите патишта имаат свој приоритет. Тој потенцира дека доколку Локалната сака да го чисти тој патен правец треба да добие согласност од Агенцијата за патишта. Што се однесува до нивните ингеренции и поставување на забрана за сообраќај, Ставрески рече дека постапуваат согласно програмата на Агенцијата за патишта. Одговорниот на Македонија Пат, рече дека се работи за голема обврска која носи и своја одговорност, што на Локалната треба да и биде познато и јасно. Ставрески додаде дека не се мали ниту средствата за да се обезбедат услови за зимско одржување на овој патен правец. Пред се треба да има пункт со механизација сличен на оној во Пресека, Буково и Стража.
Во интерес на туризмот на НП „Галичица“ има одлична можност за развој на планинскиот туризам, бидејќи деновиве бил завршен комплетниот систем на изградба на патеки низ паркот, кој содржи и планински патеки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град