ДПА во одбрана на учениците од с. Подгорци

Оставете ги на мир родителите и учениците oд село Подгорци. Тие не бараат ништи друго освен да учат на свој мајчин јазик, Албански.

 |  Татјана Маленкова  | 
Zijadin Sela
Зијадин Села

Оставете ги на мир родителите и учениците oд село Подгорци. Тие не бараат ништи друго освен да учат на свој мајчин јазик, Албански.  Тие сакаат да исправат една голема неправда која им е нанесена од поранешниот монистички систем. Тие со ова излегуваат од асимилацијата која слична на вашето едноумие им било наметнато, истакна во Струга претседателот на ДПА, Зијадин Села.  Тој обраќајки се до Министерот за образвание му порача Министерството за образование да не се осмелува со толку ниски методи да ги воспитува родителите и децата затоа што сите тие знаат на кој јазик треба да се образуваат нивните деца, и дека тоа право им е загарантирано со Универзалната декларација за човекови права односно со Устав и Закон.

Села јавно го запраша и Абдулаќим Адеми, за кој што рече дека јавно ги молеше албанците да го прифатат учењето на македонскиот јазик од прво одделение, каде се затскриваат ДУИ, тој и заменик министрката Линдита Ќазими кога треба да се одбрани албанскиот јазик.

Претседателот на ДПА на крајот се обрати и до жителите на с. Подгорци. Рече дека судската покана им е доставена за понеделник 22 ноември, денот на конгресот во битола, денот на албанската азбука и јазик, јазик за кој Подгорчани ќе се жртвуваат.

22 ноември е денот кога ќе треба да ви се суди не е никаква случајност, напротив токму на овој ден тие што го подготвуваа ова сакаат да пратат друга порака, сакаат да ве потчинат токму на денот на азбуката, сакаат да го потчинат тоа што сте тоа што го чувставувате, истакна претседателот на ДПА Зијадин Села.

{loadposition content9}

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top