Општина Охрид ги исполнува условите за процесот на отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште. Владата на Р. Македонија го има разгледано нацрт Законот и веќе е стигнат до Парламент. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески како член на Управниот одбор на ЗЕЛС заедно со останатите градоначалници од земјава имаат околу 20 забелешки. Петрески верува дека Владата ќе ги прифати забелешките, како заеднички став на сите градоначалници. Тој изјави оти добар дел од општините ги исполнуваат условите за отуѓување на земјиштето, а посебно ја посочи општина Охрид која според него има доволен капацитет да се справи и со знаење и со кадар.
Петрески ја почитува одлуката на Владата, овој нацрт закон да настапи од јуни наредната година, но рече дека општина Охрид уште веднаш е подготвена да се справи со новите измени на процесот за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште на Локалните самоуправи. Тој рече дека Владата купува време за да може да го допродаде најатрактивното земјиште.
Петрески и овој пат не испушти да каже дека капитални инвестиции кои се од интерес на градот сеуште чекаат овој закон да стапи на сила. Тука ги спомна изградбата на пазарот и автобуската.
При продажба на земјиштето 80 отсто од парите ќе одат на сметката на општините, а останатите 20 ги задржува државата. Цената на земјиштето ќе ја одредува градоначалникот во соработка со советот, а Владата ќе дава согласност за цената. Оној кој го купил земјиштето со закон се забранува да го препродаде се до моментот додека тој не извади употребана дозвола за самиот објект дека е изграден. Доколку не се почитува законот во министерството или во Локалната самоуправа казните ќе се движат од 2.000 до 9.000 евра, а на одреден рок ќе им бидат одземани ингеренциите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град