Охриѓани денес се покажаа

Променливото време проследено со дожд, не ги спречи граѓаните на Охрид да го одбележат традиционалниот ден на дрвото. Тие денес на повеќе места во општината излегоа да засадат дрвца.

 |  Билјана Николовска  | 
den na drvoto
ден на дрвото

Денот на дрвото прерасна во традиционална акција која секоја година се спроведува во државава. Идејата на амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов која се роди во август 2007 година беше широко прифатена па од година во година оваа акција е се помасовна. Целта е преку засадување на дрво од страна на секој граѓанин на Р. Македонија да се обноват шумите и зелените појаси во државава. Годинава за прв пат во оваа акција се вклучија и од  Центарот за Јавно здравје и Општата болница од Охрид.

Портпатолот Василески се пофали дека на ова поле работеле и во изминатиов период. Тој потенцира дека пред геријатрија при крај е хортикултурното уредување на мини паркот.

Министерката Елизабета Канческа Милевска заедно со пратеникот Цветко Грозданов дрвце засадија на Мауцкер.

Годинава на потегот кај Биљанини извори дрвце засадија и хендикепираните лица од здружението „Порака“. Градоначалникот Петрески учестрвуваше во акцијата заедно со нив. Тој рече дека сите добри и корисни иницијативи охриѓани ги подржуваат и подготвено ги дочекуваат.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top