Продолжува неизвесноста со решавањето на станбениот проблем на 12-те семејства од улицата Железничка. Засега нема ништо од ветувањата дека со изградбата на Железничка ќе добијат соодветно пристојно сместување. Останува нејасно кога и каде тие ќе бидат сместени. Сега, коловозната лента поминува буквално пред влезовите на нивните трошни, субстандардни, импровизирани живеалишта.
Жителите од бараките на Железничка не сакаат јавно да зборуваат за своите проблеми. Разочарано само додаваат дека се заборавени од државата и од локалната. Тие велат дека досега никој не дошол да ги посети и да праша за нивните проблем. Единствено изведувачите на Булеварот од надворешната страна од бараките им поставиле дрвени штици како изалоциона заштита.
ТВМ ги контактираше и локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски, во врска со тоа кој е надлежен да им помогне на овие семејства. Од локалната самоуправа потенцираат дека тоа е обврска на Министерствата за трансопрт и врски и за труд и социјална политика. Но, ветуваат дека внимателно ќе го следат случајот каква разврска ќе добие. Доклку има некаков проблем општината ќе се вклучи затоа што овие жители се граѓани на Охрид тврдат од локланата самоупрва.
Од Министерот за транспорт и врски до кој официјално се обративме пред три дена со допис до портпаролот Драган Симоноски, молк. Не добивме никаков одговор. И додека жителите чекаат да биде решен нивниот проблем, Булеварот “Железничка“ во должина од 2 400 метри ќе биде предаден во употреба на крајот од овој месец. Инвестицијата за нејзината изградба чини околу 70 милиони денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град