Бродовите повторно укотвени

Истече рокот на двомесечните дозволи за пловидба на Охридскоте бродови. Очигледно за новогодишните празници бродовите нема да пловат.

 |  Татјана Маленкова  | 
brodovi
бродови

Истече рокот на двомесечните дозволи за пловидба на Охридскоте бродови. Очигледно за новогодишните празници бродовите нема да пловат. И покрај желбата на бродарите да ги регистрираат своите пловни објекти, сепак во вакви услови и во овој момент тоа не е возможно. Биро Веритас има јасен став дека техничкио преглед на бродовите мора да се направи на суво, а кај нас бидејќи нема ваква инфраструктура или се додека не се изгради сув док, охридкоте бродови ќе останат укотвени во градското пристаниште.

“Имаше одредено расположение одМинистерството за транспорт и врски и одбрана за користење  на дел од радожда за оваа намена. меѓутоа таму инфраструктурата не одговара за овие наши бродови.  Потребно е правење н  а нова инфраструктура за вадење на бродови но не се разрешени прашањата чија ќе е локлација“, вели претседателот на здружението на бродари Горан Устијаноски.

Goran UstijanoskiУстијаноски додава дека бродарите не прифаќаат никакви инпровизации за вадење на бродовите на суво.

„Секоја инпрвизација кревање на бродовите на партизански начин со дизалици и со постапки кои ќе го деградираат бродарството ќе биде само срам за нашево бродарство овде, затоа што секој несериозен чекор допринесува за деградирање на бродарството“, вели Устијаноски.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека на Охридските бродари им понудиле две локации  каде ќе можат да ги извадат бродовите на суво за да се реализира техничката проверка од страна на француската осигурителна компанија Биро веритас. Од капатанијата на пристаништата во охрид пак се децисни дека бродарите мора да ги извадат бродовите на суво доколку сакаат да добијат дозвола за пловиба, во спротивно повторно стапува на сила забраната за пловење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top