После нецели две години владеење од вториот мандат на актуелниот градоначалник Александар Петрески, време е тој да се преброи и да си замине, вака неодамна му порача претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој додава дека многу факти зборуваат за неговото неодговорно управување со Локалната самоуправа и злоупотреба на граѓаните на општина Охрид, небирајќи начин и средства како да ги спроведе своите лични интереси.
Иако во ОК на ВМРО ДПМНЕ со нескриени страсти зборуваат за потреба од предвремени избори, тие сеуште немаат предлог за свој кандидат. Михаилов рече дека профилирањето на кандидат за градоначалник е субјективна работа на секој член на партијата кој се чуствува спремен за оваа најодговорна функција во градот.
Ставот на Петрески во врска со овие обвинувања од страна на општинската ВМРО ДПМНЕ, останува да го слушнеме во текот на утрешниот ден, како што најави портпаролот на Локалната Симон Илиевски. Тој рече дека градоначалникот бил службено отсутен поради состанокот на ЗЕЛС кој денес се одржува во Скопје, а како што е познато Петрески е член на Управниот Одбор и неговото присуство е задолжително.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град