Од ЕВН Македонија доследни во почитувањето на законските регулативи, но само кога на нив им одговара. Посебно се експедитивни и децидни кога станува збор за наплата на каматите од сметките за електрична енергија кои тие ги доставуваат на своите потрошувачи. Но, кога треба да се наплати камата за нивното ненавремено плаќање кон други фирми, е тогаш приказната е малку поинаква.
Едно правно лице од Охрид, кое се обиде да го оствари своето право и да наплати извесна сума од ЕВН по основ камата, се соочи со вистинското лице на оваа компанија. Имено, иако по доставената пресметка за камата, врз основа на претходно доставени фактури, на кои уредно е наведено дека рокот за плаќање на долгот е 8 дена, од сметководство и кредитори при ЕВН – Македонија, добиле само исправка на датумите на каматната листа и штуро објаснување дека „НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ СО ДАТУМОТ НА ВАЛУТАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ФАКТУРИТЕ ИСКАЖАНИ ВО ИСТАТА“.
За објаснување се обративме до одговорното лице во оваа компанија, извесен Љубенчо Димов, кој ни објасни дека, осумте дена наведени на фактурата тие ги сметаат од моментот кога истата ќе пристигне во просториите на ЕВН и од нивните служби ќе биде архивски заверена. На прашањето зошто тогаш на нивните фактури не пресметуваат камата од денот кога се прима фактурата, Димов одговори дека тоа е политика на ЕВН и ова прашање треба да му го поставиме на некој од одделението за билинг. Случајот го изложивме и пред Менаџерот за односи со јавност на ЕВН, Атанас Ковачевски кој рече дека ќе побара објаснување од горенаведените служби и ќе даде објаснување зошто е тоа така. До затварањето на Дневникот, не добивме објаснување, за тоа како во оваа компанија имаат еден аршин кога ќе треба наплатат, а за жал, сосем друг кога ќе треба да платат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град