Политиката замеша прсти и во спортскиот риболов

Македонската риболовна федерација се соочува со притисоци за промена на името. Имено по иницијатива на Грчката риболовна федерација, светската риболовна федерација за слатки води и сугерира нја нашата да го смени името од Македонска риболовна федерација во Риболовна федерација на ФИРОМ.

 |  Татјана Маленкова  | 
ribar
рибар

ribarМакедонската риболовна федерација се соочува со притисоци за промена на името. Имено по иницијатива на Грчката риболовна федерација, светската риболовна федерација за слатки води и сугерира нја нашата да го смени името од Македонска риболовна федерација во Риболовна федерација на ФИРОМ.

Од спортскиот риболовен клуб Св. Апостол Петар од Охрид кој е член на македонската риболовна федерација најостро реагираа  на дописот. Тие се крајно разочарани и изненадени од како што велат „дискриминирачкото и расистичко барање на Светската риболовна федерација“.

„Сакам да нагласам дека ние уште од 1992 годсекогаш сме се натпреварувале под уставното име. Од пред две години на таа натпреварувачка сцена настапи и Грчката репрезентација и бара да го смениме името . Нашиот клуб ова нема никако да го прифати“, истакна претседател на управен одбор на Св Апостол Петар, Радован Димитриески.

DimitrieskiДимитриески признава дека во светскиот олимписки клуб Македонија е примена под името ФИРОМ, и додава дека светската риболовна федерација не припаѓа во олимпискиот комитет, затоа што риболовните дисциплини не се составен дел на ниту една олимпијада и истите немаат врска со олимписките игри. „Во моментов над македонската федерација се вршат невидени притисоци, но и покрај се членовите на риболовен клуб Св. Апостол Петар се децидни дека нема да прифатат никава промена на името на нашата земја.

„ Доколку се случи тоа, нашиот клуб ќе истапи од риболовната федерација. И доколку светската риболовна федерација ни наметне друго име нема да дозволиме наш натпреварувач да настапува под тоа име.

Веќе упативме протесно писмо до сите членови на управниот одбор на ЦИПС, упативме писмо до сите да ни дадат подршка за да се реши оваа дискриминација која во моментов се врши над нас“, додава Димитриески.

Контактиравме и со македонската риболовна федерација. Техничкиот секретар вели дека нема да дозволат некој да си игра со уставното име на Р Македонија, и додава дека во овој момент неможе да го каже ставот на македонската федерација, затоа што за тоа треба да одлучи управниот одбор кој ќе се состане за десетина дена.

Инаку ова не е прв пат македонската риболовна федерација да има проблеми со Грчки клубови поради уставното име на земјава. Неодамна сличен проблем имаше и на светското клубско првенство, кога Грчките претставници побарале нашите натпреварувачи да не се натпреваруваат под уставното име на земјата. За проблемот да се надмине нашите претставници беа приморани да реагираат до претседателот на светското клубско првенство.

Како, кога и дали овој новонастанат проблем ќе се реши останува да видиме по состанокот на Управниот одбор на Македонската риболовна федерација.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top