МЈП „Проаква“ го фати редот

Од 15 септември годинава, МЈП „Проаква“ бележи редовност во исплата на месечен надомест. Истото важи и за новото претпријатие, Нискоградба. Од ова претпријатие најавуваат дека сега засега нема да има зголемување на сметките на водоводно канализациските услуги.

 |  Билјана Николовска  | 
Proakva
Проаква

Branko trpceskiНема драстично зголемување на цените за водоводно канализационите услуги. МЈП „Проаква“ веќе може да се пофали дека влегува во колосек, па така од 15 ти септември има редовна исплата на плати и нема повеќе заостанат месечен надомест на вработените. „Преземањето на одредени мерки, како тековни така и стратешки, придонесоа наплатата на сметките да се зголеми“, вели првиот човек на „Проаква“, Бранислав Трпчевски. Тој додава дека тие средства наменски веднаш биле вложени во исплата на заостанатите плати. Според Трпчевски најважно е што се регулирани односите со новото претпријатие „Ниско градба“.

Кај добар дел во охридската јавност веќе се наметнува прашањето како ќе изгледаат новите сметки и дали ќе има зголемување на износот. Трпчевски вели дека нема место за загриженост бидејќи сметките ќе бидат идентични без екстремни пореметувања.

Трпчевски потенцира дека новите сметки кои граѓаните треба да ги добијат од „Ниско градба“, се само одделување на ставката за канализација, се друго останува исто и е во соднос со досегашната наплата. Директорот кажа дека она што во моментов е најважноо за уште поголема успешност на претпријатието, е да се задржи ритамот на редовна исплата.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top