Ослободителна пресуда за четворица, од седумината осомничени за убиството на српскиот гостин Дејан Новаковиќ. Адвокатот на ослободените Воислав Димовски рече дека ослободителната пресуда настапила поради изјава за откажување од кривично гонење од страна на обвинителот. Спрема останатите тројца постапката продолжува, додава тој. Димоски кажа дека до крајот на наредната работна седмица очекуваат обвинителен акт за преостанатите тројца осомничени, кој до овој момент сеуште го немаат добиено па така незнаат за кое кривично дело ќе им се суди. Со добивањето на обвинителниот акт ќе се знае и каква квалификација на делото ќе се даде. Очекувањата на Димоски се дека обвинетите нема да се теретат за свирепо убиство, туку за учество во тепачка. Димоски рече дека истрагата коректно е спороведена и дека сега на потег е обвинителството. Обвинителството се откажа од понатамошно судско гонење на Јане Шокароски, Петар Шенгулоски, Борче Чулукоски и Јован Ѓорески сите од охридско. Тие синоќа го напуштиле истражниот затвор од Скопје, каде останаа во притвор 76 дена. Моментално во притвор се уште тројца охриѓани за кои постои основано сомнение дека биле вмешани во инцидентот и едно лице српски државјанин, кое е во бегство и за кое е распишано меѓународна потерница.
Само за потсетување на 27 ми август по претходна расправија во ноќниот клуб „Хавана“, 34 годишниот српски државјанин Дејан Новаковиќ беше убиен во тепачка која се случи во Центарот на Охрид, во која според истрагата учествувале десеттина лица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град