Кина, преку Охрид клуч за македонскиот пазар

Понеделник во посета на Охрид, висока делегација од кинескиот град Далиан. Целта на посетата е да се оствари економска соработка, со Кина гигантот на индустријата во светот, како што најави градоначалникот Александар Петрески.

 |  Билјана Николовска  | 
pres
прес

Со сеуште свежи сеќавања од посетата на Кина, од пред околу 5 години, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, ја најави посетата на високата делегација од градот Далиан. Придружуван од тогашниот претседател на Советот на општината Владо Чинго и Венко Шапкар, Петрески со воодушевување ги пренесе своите импресии за ова специфично место. Но и во оваа пригода не испушти да ја искритикува актуелната власт на ВМРО –  ДПМНЕ, која не го поканила минатата година, при посетата во Кина.

Постојат реални изгледи збратимувањето со кинескиот град Далиан да резултира со епилог, Кина преку Охрид да влезе во македонскиот пазар и тоа на најдобар можен начин, потенцира градоначалникот Петрески.

Петрески, гостите од Далиан планира да ги запознае со потенцијалите на Охрид, пред се во туризмот како и со ретките убавини, за кои кинезите знаеле само од ДВД. Петрески добро ги протри рацете при помислата доколку далианската администрација го посети Охрид.

Според податоците што ги презентираше градоначалникот Петрески,  Далијан е град стар околу 100 години кој брои околу седум милиони жители. Се работи за град со високо развиена индустрија која претставува врв во светот и каде се произведуваат авиони, бродови, подморници, експресни возови и друго, додава Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top