Решен статусот на дел од вработените во охридската градинка

И во Охрид отпочна постапката за решавање на статусот на воспитувачите, негувателките и техничкиот персонал кои досега беа во работен однос со договор на дело.

 |  Билјана Николовска  | 
gradinka
Градинка „Јасна Ристеска“

gradinkaПринципиелно решавање на статусот на ангажираните со договор на дело во детските градинки. Четири негувателки и три воспитувачки веќе се стекнаа со долгоочекуваните решенија за регулирање на редовен работен статус во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. В.Д. директорот на оваа установа Марина Петроска Тодороска вели, дека се` поминало согласно законските пропозиции, а тоа е исполнување на условите по конкурсот и давање предност на оние кои имаат подолг работен стаж со договор на дело. Тодороска кажа дека ова е реализација на првата зацртана фаза од страна на ресорното Министерство за труд и социјална политика и дека остануваат уште две фази. Таа верува дека во престојните фази ќе се надмине проблемот и на останатите 21 кои се со договор на дело. Тодороска ги отфрли гласините дека решенијата на персоналот се дадени по партиски клуч.

„Она што јас го поседувам како информација е дека дадени се решенија на оние кои имаат стаж со договор на дело од над шест години, а останатото не е во моја надлежност да навлегувам кој на која политичка опција припаѓа“, вели Тодороска.

Таа додава дека регулиран е статусот и на негувателка и воспитувачка од турска етничка припадност, кои исто така имаат по шест години стаж со договор на дело. Конечно, работниот статус на вработените во градинките ширум Македонија, па и Охрид, почна да се надминува. Проблемот со нерешениот статус на вработените во градинките јавно се обелодени во март годинава. Воспитувачки, негувателки, готвачки, чувари, со месеци штрајкуваа, излегуваа на протести. Повеќето биле ангажирани од општините, со исти обврски и одговорности, но без правата и бенефициите кои ги уживаат со постојано вработување.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top