Отворениот базен ќе се гради по словенечки урнек

Отворен базен и марина, приоритети на локалната за овој период. Охрид не смее да ја дочека летната сезона без овие објекти – вели градоначалникот Александар Петрески. Искуствата за овие градби Петрески вели дека ќе ги црпиме од Словенија, за што пред една недела веќе беше остварена посета на оваа земја.

 |  Татјана Маленкова  | 
bazen
базен

bazenОтворен базен и марина, приоритети на локалната за овој период. Охрид не смее да ја дочека летната сезона без овие објекти – вели градоначалникот Александар Петрески. Искуствата за овие градби Петрески вели дека ќе ги црпиме од Словенија, за што пред една недела веќе беше остварена посета на оваа земја.

„ Имам договорено средби во Охрид каде треба да дојдат потенцијални инвеститори. Во тек се и урбанистичките планови за средување и на постоечките марини, но и изграба на нови. Тоа треба да го направиме, за налето да бидат готови“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Петрески тврди дека отворениот базен по секоја цена ќе се гради во текот на зимскиот период и дека до почетокот на туристичката сезоната ќе биде готов. Останува отворено прашањето кој ќе ја финансира градбата на истиот, но и која фирма ќе ги прави градежните зафати.

По однос на инвестициите, градоначалникот е дециден: „Доколку најдеме инвеститор би било одлично, но доколку нема, тогаш локалната од сопствени средства ќе го направи“. Што се однесува до фирмата изведувач на градежните зафати, Петрески вели дека ќе се распише тендер и дека работата ќе ја добие најповолниот изведувач.  Градоначалникот официјлно не ги потврди гласините дека владата ја кочи работата на локаланата  и по однос на ова прашање. Шпекулациите дека во Македонија има само две фирми кои градат базени и дека истите добиле забрана да работат во Охрид Петрески ги  потврди индирекно.

„ Јас ова го имам слушнато од екс директорот на ЈП Билјанини извори  на кого му дадов задача да организира и распише тендер за изградба на базен. После долги преговори ми кажа дека луѓето кои се занимаваат со тоа имаат наредба од ВМРО ДПМНЕ да несмеат да прават во Охрид, во спротивно ќе ги изгубат другите добиени работи. Дали е така или не незнам. Затоа ќе распишам меѓународен тендер каде ако не сакаат македонски фирми, работата ќе им ја дадеме на други“, вели Петрески.

Останува да видиме колку ветувањата на градоначалникот по однос на ова прашање ќе се реализираат.

Инаку отворениот базен кој го најавува локалната ќе биде на истата локација каде е постоечкиот кој е потполно уништен.

За Охрид изградба на безен подолг период најавува и владата на Р Македонија, само што тој треба да биде затворен. Овој проект зацтрано е да биде на истата локација поточно во комплексот Биланини извори. Кога и дали и овој проект ќе се реализира останува да видиме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top