Чуварите во охридските училишта без плата два месеци

Чуварските служби за обезбедување на објектите се ангажирани од локалната самоуправа.

 |  Валентина Неловска  | 
Hristo Uzunov
Училиште Христо Узунов

Gligor prlicevЧуварите кои се ангажирани за обезбедување на 9-те основни и 3 –те средни училишта, како и за детската градинка Јасна Ристеска, реагираат – не зеле плата два месеци. Чуварските служби за обезбедување на објектите се ангажирани од локалната самоуправа. Од таму потврдувааат дека на дел од чуварите исплатена им е плата заклучно со септември, а на дел платата им се исплаќа со задоцнување од неколку месеци. Објаснуваат дека, сепак  пари  за сработеното ќе добијат сите. Од локалната самоуправа информираат дека во овие услови на безработица и недостиг на финансиски средства, општината им излегува во пресрет на граѓаните. Во зависност од своите можности помага за подобрување на безбедносните услови во училиштата.

Потребата од вработување на чувари во охридските училишта е реална потреба нагласуваат општинските служби. Додаваат Министерството за образование и покрај  законската обврска да ги исплаќа платите на чуварите сепак не ги подмирува трошоците за плати. Училиштата кои ТВМ ги контактираше потврдуваат дека имаат потреба од професионални служби за обезбедување на објектите во текот на 24 часа, а не само во ноќните часови. Тие од пре две години се откажале од барање за чуварски  служби до Министертвото заради тоа што немало никаква повратна реакција од таму. Од ресорното министерство побравме официјален став дали имаат намера да  одобрат  пари за обезбедување на училиштата со чуварски служби. Портпаролот на оваа институција Горан Галевски  и покрај  ветувањето дека во текот на денот ќе го соопшти нивниот став по оваа проблематика, до затварањето на дневникот остана недостапен за одговор и не го испочитува даденото ветување. Инаку, општина Охрид е единствената општина во Македонија која самостојно, со сопствени средства исплаќа плати на 28 лица вработени како чувари во училиштата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top