Марјан Костоски поранешен вработен во ЈП Македонски шуми-Галичица реагираа на незаконското работење во ова претпријатие. Инцидентот со шумската полиција во Велгошти, состојбата со безбедноста и стопанисувањето со шумите во охридскиот реон го натераа како што вели повторно да укаже на со години наназад неразрешените состојби во ова претпријатие.
„ Односно на криминално однесување на лица вработени во Макеодснки шуми, директно инволвирани во организиран криминал за што постојат документи како доказен материјал. Костоски ги набројува како криминални дејствија превозот и транспортот на дрва без адреса, сметки без наведен број на испратници, а под бројот на испратницата не е наведена сметката. СВР има тешки маки да ги открие“, тврди Костоски.
Обајснува „Открив 500 случаи кои ги предадов на надлежните органи и сеуште немам повратна информација што се случи. Сум се обратил до сите највисоки инстанци во државата. Разговарав и со премиерот Никола Груевски. Костоски очекува разврска по случувањата со шумската полиција и населението од Велгошти.
Битката на докажување, како што вели Костоски за незакоснското работење трае со години. За неговото терање правда добивал обвинувања дека е лажно. Во меѓувреме Костоски е прераспределен од Македонски Шуми „Галичица“, во шумското „Јабланица“, Струга. За работата на тамошното претпријатие Костоски вели дека е крајно домаќинско и дека е добро прифатен од струшките колеги, но сеуште не може да се помири со состојбите во „Галичица“ претпријатието во кое работел порано.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град