Инцидентот што викендов се случи со шумската полиција во Велгошти ја наметна дилемата колку шумите во охридскиот реон се безбедни од крадци на дрва. По низа процедури, денес, од јавното претпријатие „Македонски шуми“ добивме одговор на ова прашање. Раководителот на заштита на шуми, Борис Недески посочува дека најизразена е незаконитата сеча на шумата токму во атарот на селата Велгошти и Скребатно. До шумската полиција, шумарите од „Македонски шуми“ годинава поднесле околу 30 пријави. Пријави за дрвокрадци од Велгошти има скоро секојдневно. Откриени се случаи и со 80 метри кубни дрва исечени нелегално вели Недески. Тој додава дека годинава крадците исекле над 200 метри кубни огревно, буково дрво. При тоа од нелегална трговија со огревно дрво, дрвокрадците заработиле околу 8000 евра. Има случаи на нелегална сеча и во Сирула и Расино, како и на шумската граница меѓу Охрид и Струга, но со многу помал интензитет нагласува Недески. Шумарите од јавното претпријатие „Македонски шуми“, велат дека со измените на Законот за заштита на шумите тие имаат ограничени надлежности и не се моќни да се справат со крадците. Но, затоа соработуваат со шумската полиција, која делува во рамките на министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство.
Инаку, ТВМ оваа тема ја отвори пред 2 недели. Тогаш, од националниот парк Галичица се пофалија дека кај нив годинава, во однос на лани, за три пати опаднал процентот на бесправна сеча на шума. Годинава поднеле само 8 пријави за дивокрадци. резулата на тоа е соработката со шумската полиција
Според Законот за заштита на шумите, дрвокрадците покрај парично се казнуваат и со казна затвор, во зависност од тоа, колку пати биле затекнати во нелегална сеча и со колку кубици дрва.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град