Има ли пазарења во Советот?

Шпекулациите кои деновиве проструија во јавноста дека се разнишува мнозинството во Советот, градоначалникот официјално нити ги потврдува нити ги демантира, иако од изјавата која ја даде за ТВМ може да се заклучи дека сепак постојат пазарења во Советот.

 |  Татјана Маленкова  | 
Petreski
Петрески

sednicaШпекулациите кои деновиве проструија во јавноста дека се разнишува мнозинството во советот градоначалникот официјално нити ги потврдува нити демантира, иако од изјавата која ја даде за ТВМ може да се заклучи дека сепак постојат пазарења во советот.

„Секој може да бара што сака, но се знае што е совет, што е градоначалник. Градоначалникот согласно статутот на Охрид и законските прописи одлучува кој каде ќе биде директор. Советот ќе одлучува кој ќе биде претставник во управните и надзорните одбори. Они кои се одлучуваат да побараат вакво нешто си прават бајрам на умот. Нема да подлегнам на ниедно барање од ниедна партија, вклучувајќи ја и мојата, за поставување партиски кадри на одговорни функции“, истакна Петрески.

Градоначалникот додава дека дел од советниците не ја почитуваат заклетвата дадена на почетокот на својот мандат дека ќе работат за интересите на градот. Според Петрески во последно време повеќе од очигледно е дека се прави мнозинство кое ќе ги кочи работите на локалната самоуправа. Петрески  не ги дементираше ни гласините дека од НСДП ја меркаат раководната фотеља на ТЛЕР, но и дека бараат и други услуги.

Градоначалникот е дециден дека тој нема да подлегне на никаки закани и провокации, вели дека за него развојот на Охрид е пред се.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top