Еколошка акција во ОУ Св. Климент Охридски, по повод патрониот празник на нашиот град. Претпладнево во дворот на училиштето беа засадени садници, акција која ја спроведоја ЈП Охридски Комуналец, раководството на училиштето и советот на родители. Првата садница ја засади градоначалникот Александар Петрески кој истакна дека чест е да се живее во Охрид, но при тоа искажа благодарност и почит до сите кои дадоа свој придонес за ние денеска да живееме во слободен Охрид.
„Локалната самоуправа имаше многу активен период во изминатите неколку месеци. Денеска продолживме со средување на Св Климент Охридски, училиште каде 25 години немаше никакви инвестиции“, истакна градоначалникот.
„ Го средивме покривот, но не е се направено. Продолжуваме со средување на игралиштето, оградување од сите страни со мрежи, изградба на трибина, обезбедување на училиштето, средување на дворот….“, истакна градоначалникот Александар Петрески.
Денеска во употреба свечено беа пуштени и просториите на новоформираните јавни претпријатија „Погребални услуги“ и „Гробишта“. ЈП Охридски комуналец се трансформира согласно законските прописи и одлуката на советот“, истакна градоначалникот Петрески.
„ Се што направивме, направивме со сопствени средства на општината и на Комуналец. Инвестицијата не чини многу, не надминува повеќе од 20 илјади евра. Убеден сум дека со вака формирани претпријатија многу позадоволни ќе бидат вработените и граѓаните“, истакна Петрески.
Директорот на ЈП Охридски комуналец Сашо Алче вели дека со новите ЈП, Охрид како град во целост го спроведува законот за гробишта и погребални услуги.
„ Во рамки на ЈП за погребални услуги опремивме и посебен простор за изложување на погребална опрема и во овој случај добивме една од најмодерните згради во делот на погребални услуги. Граѓаните ќе можат сите услуги да ги добијат на едно место. Следи доопремување и доекипирање на новите ЈП“, вели директор на ЈП Охридки Комуналец, Алче.
Новите ЈП ќе бидат дооформени во среда или четврток, кога треба да се одржи седница на совет, последна на оваа тема. Самостојно ќе почнат да работат по изборот на директори.
Инаку активностите за одбележување на 66 годишнината од слободен Охрид продолжуваат и вечерва и утре. Според програмата попладнаво ќе бидат пуштени во употреба и осветлувањето на игралиштето во населбата Рача и новото улично осветлување на улицата „Васил Стефоски“.
Саботните активности ќе бидат заокружени со пуштањето во употреба на училишниот двор и училишното игралиште во ОУ „Братство единство“ во Лескајца и ревијалниот фудбалски натпревар помеѓу администрацијата и советниците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град