Раководителот на РЕ превентива за деца и млади, при Здравствениот дом од Охрид, Д-р Катерина Димитрова, вели дека во нашава општина имунизацијата уредно се спроведува и се карактеризира со 98%. Д-р Димитрова информира дека последниве неколку години се воведени неколку нови вакцини, како вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б или (ХИБ) и најновата ХПВ вакцина.
„До пред неколку месеци работевме по стариот правилник, кој беше донесен во 1991 година, меѓутоа годинава, на сила стапи нов правилник, во којшто се вметнати овие нови вакцини и има промена во редоследот на имунизацијата односно, на возраста на која се даваат“, вели Д-р Катерина.
Д-р. Димитрова вели дека промената на редоследнот, односно возраста на која вакцините се даваат е резултат на следење на трендовите и искуствата другите земји. Така на примет ДТПР вакцината која се даваша на тримесечна возраст, односно на 3 полни месеци, сега според новиот правилник, се дава на 2 месеци . Иако во почеткот и самите скептични во врска со тоа како ќе реагираат децата, а и родителите од Здравствен дом задоволни.
„Ова е подготовка за примена на петтовалентни шестовалентни вакцини, затоа што само со едно боцкање, детето ќе прими 5-6 вакцини, во зависност од тоа колку валентна е вакцината и со тие вакцини се започнува на 2 месечна возраст“, потенцира раководителката.
Раководителот Димитрова додава дека децата одлично ја поднесуваат вакцината и на 2 месеци и дека нема апсоултно никакви нус појави. Имунизацијата кај нас се врши под строга лекраска контрола со обавезен преглед пред вакцинирањето. Финансирана е од средства од буџетот на РМ и е бесплатна за сите деца без разлика на тоа дали имаат здравствено осигурување. Инаку во одделот строго се евидентира навремено извршената имунизација. Македонија може да се пофали со искоренување на полиомиолитот, за што има добиено и сертификат од WHO, но давањето на вакцината против оваа болест ќе продолжи се додека сеуште постојат држави во кои полиовирусот сеуште егзистира.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град