Меѓународен научен собир за животот и делото на Св. Наум

Охрид домаќин на „Меѓународниот научен собир Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција“. Собирот на кој учествуваат голем број академски и научни работници и претставници од верските институции од земјава и странство е по повод 1.100 годишнината од смртта на свети Наум Охридски.

 |  Татјана Маленкова  | 

“Темата Св Наум е интересна пред се за нас старите македонисти од сите земји бидејќи Наум е еден од основоположниците на македонската култура, јазик, религија и наука“ вели македонистот Волф Ошлис од Германија кој тврди дека во неговата научна работа пронашол директен контакт помеѓу Св Наум и Германски игумен во еден манастир во западна Германија во 1893 год – Рино.  
Според Ошлис, Св. Наум и Рино биле први најважни дипломати пред 1000 год.

„ Скоро ништо не знаеме. Знаеме кои беа, но детали не се познати. Целиот наш начин мора да биде променет. Мислам дека не само што ништо не знаеме туку можеме подобро да дознаеме бидејќи Наум всушност беше премиерот на царот Борис и Симеон, министер за надвотешни работи, шеф на тајна служба, шеф на информатичка служба“, истакна Волф Ошлис, македонист – Германија.


И Македоските историчари се сложуваат дека делото и дејноста на Св Наум се во сенка во споредба на Св.Климент. Претседателот на организациониот одбор на конференцијата,  Илија Велев  се наврати на 2005 год кога се славеше 1100 години од изградбата на манастирот Св Наум и кога беа објавени многу реферати кои осветлија многу прашања во врска со Св Наум. Годинава, рече Велев универзитетот Св Кирил и Методи ја продолжува традицијата организирана по повод 1100 годишнината од смртта на Св Наум.    

„ Одзивот е повеќе од задоволувачки. Имаме 49 реферати од повеќе научни дисциплини. Има 15 учесници од други научни центри. Очекуваме дека преку дискусии ќе се расветли голем број од творештвото во науката“, вели Велев .

Претседателот на организациониот одбор на конференцијата, Велев вели дека не можеме да кажеме од кого е Св Наум. Тој е на целокупната словенска цивилизација, на македонската традиција и современата литература. Важно е дека неговиот култ и дејност се шират од овој културан центар, поточно од Македонија.

Собирот посветен на Св Наум Охридски е во организација на универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Покровител на научниот собир е Претседателот Ѓорѓе Иванов.
Предвидено е по завршување на научниот собир да биде печатен и зборник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top