ВМРО – ДПМНЕ од Струга, реагира

Во Струга не функционираат клановите на Бранко Црвенкоски. Ова е дел од реакција на ОК на ВМРО –ДПМНЕ од Струга, во врска со вчерашниот тематски прес на СДСМ, за партиските вработувања.

 |  Билјана Николоска  | 

Се распламтуваат искрите околу партиските вработувања и во Струга. Се пожестоки стануваат и пресовите на двата поголеми политички блока и во оваа општина. Кој прв почна и до каде ќе се стигне со ваквите обвинувања очигледно јавноста е ставена пред трежок испит да процени, кој работи за јавните  интереси. Денес со реакција на вчерашниот прес на СДСМ од Струга, излезе ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на партијата Надица Николоска се прашува како е можно струшкиот огранок на Бранко Црвенкоски без грам срам и чуство за извршеното предавство излегува пред јавноста, пред граѓаните кои пред шест години ги предаде и зборува во негстивен контекс за вработувања на граѓаните на општина Струга.
Николоска малку се осврна на поентата на пресот на социјалдемократите, буџетските вработувања со партиска книшка.
Претседателот на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ, Надица Николовска, порача дека време е струшкиот огранок на Бранко Црвенкоски да престане со лаги и конструкции да влијае на свеста на стружани и да се амнестира за се она што го направиле. Таа додаде дека моменталниот статус на пораз со кој се соочува опозицијата, е мала казна што ја претрпуваат во споредба со она што го заслужуваат. Николовска надвор од рамките на своето сценарио на пресот не одговори на бројните новинарски прашања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top