Учениците и наставниците ќе здивнат од екстерното оценувње

Се одложува примената на екстерното оценување во  основните и средните училишта. Најавата од Министерството за образование и наука доаѓа по само две недели од спонатниот прекин на наставата во неколку охридски основни и средни училишта.

 |  Валентина Неловска  | 

Учениците протестираа токму против екстерното оценување. Но, од надлежните институции и училиштата официјално никој не ги призна причините. Сепак со оваа одлука на ресороното министертсво здивнаа и учениците и настаниците. Портпаролот на  Министерството за образование Горан Галевски потврдува дека годинава нема да има екстерно оценување.

Ќе се избираат пилот училишта во земјава каде што ќе се применува тестирањето. Примената ќе започне од учебната 2011/ 2012 година. Во меѓувреме, училиштата ги формирале Комисиите за оценување, но, за одлагањето не добиле никакво официјално известување од Министерството. Директорите кои ги контактиравме изјавија дека за одложувањето дознале од медиумите. Галевски потврдува дека училиштата не се известени затоа што Законот е во собраниска процедура. Писмено известување образовните институции ќе добијат веднаш по неговото донесување дециден е портпаролот. Од училиштата пак за екстерното  оценување не сакаат јавно да коментираат. Нагласуваат дека Законските измени имаат  недостатоци и  се тешко применливи во пракса. Некои од директорите признаваат дека успехот во училиштата е опаднат за неколку проценти заради се пореалното оценување на знаењето на учениците. Наставниците исплашени за своите работни места полека се привикнуваа на најавените измени велат  директорите. Врз знаењето на учениците не влијае само учењето туку и многу други фактори. Секој може да потфрли при тестирањето заради болест или емотивни кризи нагласуваат педагозите. Се прашуваат кој ќе ја сноси вината во такви ситуации. Никој од нив не побарал мислење за закоснките измени, нити им кажал кои ќе бидат придобивките на државата од ваквото екстерно оценување нагласуваат  педагозите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top