Почеток на Дримскиот дијалог

Започна првата фаза од управувањето со Дримскиот Басен, наречена Дримскиот Дијалог.

 |  Крсте Голабовски  | 

„Ова е еден од оние настани кои влеваат надеж за иднината“, со овие зборови Специјалниот претставник на Европската Унија Ерван Фуере ја опиша првата фаза од управувањето со Дримскиот Басен, наречена Дримскиот Дијалог. На консултативниот состанок, Фуере додаде дека станува збор за настан кој на иста маса ги донесе високите претставници на министерствата и регионалните институции од регионов, кои заедно  ќе работат на стратегија за заштита на истиот.

Фуере потенцираше дека Европската комисија развива стратегија за мерките за зачувување и зголемување на водните ресурси, што ќе се имплементира до 2020 година и дека од исклучително значење е државите меѓусебно да соработуваат во заштитата на животната средина. Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи истакна пак дека станува збор за еден од најважните проекти на министерството а и за развојот на Дримскиот басен воопшто.

Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, истакна дека целта на Дримскиот дијалог е развој на заедничка визија за одржлив развој на Дримскиот басен и истражување начини за подобрување на меѓуграничната соаботка во врска со оваа проблематика. Тој додаде дека станува збор за голем број предизвици и проблеми со кои се подготвени да се соочат, посебно со прашањето дали другите интереси ќе надвладеат врз потребата од заштита на човековата средина.

Дримскиот дијалог ќе вклучува и координиран и структурен консултативен процес на компатибилните министерства на земјите партнери на дримскиот басен, Албанија, Македонија, Грција, Косово како и црна Гора. На состанокот учествуваа и  Бо Либерт од Обединетите Нации -економска комисија Европа и Мајкл Скулос од Глобалното партнерство за води.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top