На прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ беше обвинет и градоначалникот, Александар Петрески за поставувањето на информативниот екран со кој се сквернави просторот на градскиот плоштад.
ТВМ во петочното издание на дневникот информираше во врска поставувањето на информативен екран во близина на градскиот плоштад. И денес на овој простор, нашата камера забележа дека продолжуваат работите околу поставувањето на истиот. Повторно се обидовме да стапиме во контакт со раководителот на секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов, кој и денес, како и изминатите три дена, повторно не беше достапен, за да одговори на прашањето како на таа локација е дозволено поставување на огромен екран, токму пред јарболите за поставување на знамиња и пред спомениците. Потребен е одговор и на прашањето, како е дозволено поставување на габаритен објект кој ќе го блокира видикот од езерото кон стариот дел на градот и обратно. Бидејќи раководителот од секторот за урбанизам не беше достапен, повторно се обративме до првиот човек на градов, барем да одговори на прашањата, кој е изведувачот и која е фирмата која го нарачала поставувањето на екранот. Петрески вети дека утре ќе добиеме одговор на сите овие прашања.
Останува да видиме дали утре Петрески ќе го одржи даденото ветување и ќе ни даде одговор на овие прашања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град