Свечено претставена Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот ILECU.
Отворена Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот ILECU. Директорот на Бирото за јавна безбедност во Македонското МВР, м-р Љупчо Тодоровски на претставувањето на оваа единица, изјави дека во единицата покрај македонската полиција учествуваат и Јавното обвинителство, Министерството за правда, финансиската полиција и Царината, а станува збор за проект наменет за сите земји од западен Балкан со примарна цел да се воспостават вакви единици во што повеќе земји од регионов и пошироко.
„Идејата е сите информации кои што ги добиваат овие служби или тие со кои контактираат во странство да се слеваат во оваа единица и преку неа да оди размената на информации“, вели Тодоровски.
Со овој проект ќе се зајакне соработката и вмрежувањето меѓу државите кориснички и земјите членки на Европската унија преку воспоставување на механизми за соработка со национални и меѓународни партнери надлежни за спроведување на законот. Заменик проект менаџерот, Волфганг Герцл, изјави дека вака ќе се воспостави брза навремена и квалитетна размена на информации и разузнавачки податоци.
„Во минатото за размената на податоци и информациите понекогаш им беше потребно по неколку дена и по неколку недели, поради големиот број тела и надлежности. Денес имаме моност за брза и координирана реакција“ изјави Герцл.
На претставувањето присутни беа претставници на носителот на Проектот-Федералното Министерство за внатрешни работи на Австрија, Потпроектниот тим за имплементација од МВР на Република Словенија, Европската Комисија, Интерпол, Сојузната криминалистичка служба на Германија и Романија како и на регионалните тимови на земјите кориснички: Република Македонија, ХрваIтска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Србија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град