Квази мнозинство во Советот на општината и квази Градоначалник. Ова се зборовите со кои од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција ја нападнаа градската власт. Отаму обвинуваат за нивно катастрофално однесување и на редок политички случај мнозинството предводено од СДСМ да го нема на седниците, а опозицинерите трпеливо да ги чекаат во клупите.
„Не може тоа да се покрие ниту со тероризирање на вработените во општината, претпријатијата и училиштата. Во тоа нанесување на штета врз Охрид предничи основачот на ова мнозинство квази Градоначалникот на Охрид, лицето Александар Петрески“, обвинија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Општинската ВМРО со став дека штетата која Охрид и граѓаните на Охрид ја трпат од калкуланството, безидејноста и неспособноста на локалната власт на СДСМ, додавајќи дека овој квази Градоначалник и неговата СДСМ ја изгубија довербата кај сите, а најмногу кај граѓаните на Охрид.
Портпаролот Мојсоски додаде дека потврда за последните настани е и скандалозната изјава на Претседателот на Општината, во која тој вели дека мора да гледа , советниците од мнозинството да бидат присутни за да можат да врват точките на дневниот ред.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град