Регионална средба на борците

„Кога бев млад се борев, а сега имам што да кажам“. Ова е цитат на Генерал Тодор Атанасоски, кој денес гордо го носи името на некогашен борец во НОБ и е претседател на Сојузот на борците на НОБ.

 |  Билјана Николовска  | 
borci
борци

borciВо организација на Сојузот на борците на Охрид, денес се одржа регионална средба на Општинските одбори на Струга, Охрид, Кичево, Дебар и Македонски Брод. Претседателот на охридскиот сојуз Гоце Ѓеоргиески потенцира дека средбите од ваков карактер се мошне значајни, поради фактот што делата на НОБ никогаш не треба да се минимизираат. Тој додаде дека НОБ е најзначајниот период во историјата на Македонија.

Претседателот на Сојузот на борците на централно ниво Генерал Тодор Атанасоски, потенцира дека мисијата на организацијата на борците од НОБ е јасна и во рамките на тоа дефинирани се многу битни цели. Тој кажа дека и денес треба да се држиме до главната поента а тоа е дека македонците во Македонија не можат да прават ништо ако не се заедно со останатите мултиетнички групи кои живеат тука.

Атанасоски ја потенцира и важноста на спомениците од периодот на НОБ. Нив ги нарече „Круна на македонскиот народ и култура“.

Денес во редовите на Сојузот на борците од НОБ 1941-1945 и нивните подржувачи, активно членуваат 30 000 следбеници, а од нив 13.500 се сведоци и учесници во НОБ. Претседателот Атанасовски рече дека денес се горди бидејќи постојат со име и презиме и имаат свој статут. Тој остро нагласи дека не се владина и партиска организација, дека не се борат за власт туку за прогрес на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top