Некогашниот затворен базен, пропаѓа

ЈП за стопанисување со спортски објекти, сеуште во незавидна положба го држи некогашниот пливачки базен. Изгледите дека овој објект, изграден пред 30 години ќе може да се преадаптира, се скоро невозможни.

 |  Билјана Николовска  | 
bazen
базен

Остатоците од некогашниот затворен базен во Струга, сеуште бодат очи. Познато е дека овој руиниран објект се наоѓа во непсредна близина на ОУ „Браќа Миладинови. Тој во моментов може да се спореди со замок од хорор филмовите, кој скоро целосно е обраснат со трева, од каде само малку надзираат зидините на објектот. Доколку не се превземе нешто, овој објект ќе наликува на џиновски жбун, кој во неговата внатрешност крие дувло на нарко зависници и разни отпадоци од контаминиран материјал. Свесен за проблемите поврзани околу некогашниот пливачки базен е и директорот на ОУ „Браќа Миладинови“, Агни Неџипи. Тој рече дека се обидуваат да направат нешто, доколку се може.

Неџипи изјави дека имаат голема потреба од дополнителни простории за изведување на настава. Тој додаде, доколку овој објект се препушти на Министерството за образование, може да се размислува за тоа некогашниот пливачки базен да се преадаптира во училници.

Базенот кој е во склоп на новото училиште Браќа Миладинови, а е изграден од пред околу 30 години, да се врати повторно во функција, е барање и на родителите на учениците кои посетуваат настава во ова училиште. Ова барање тие го доставија и до Владата на Р Македонија. Само за потсетување овој базен произведе спортисти кои Р. Македонија и Струга ги закитија со стотици мегународни медали. Таму некогаш се свиреше химната и се подигнуваше Македонското знаме на врвни меѓународни натпревари. Ако пред околу 30 години постоеле услови некој да го изгради тој базен, денес сигурно при буџет  на Р Македонија кој е дестркратно поголем сигурно ќе биде многу полесно истиот да се реновира и повторно да се врати во функција.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top