О.К. на ВМРО-ДПМНЕ со забава ќе го одбележи Денот на револуцијата

Охридскиот општинскиот комитет на  Вмро Дпмне вечерва свечено ќе го одбележува националниот празник 23 октомври, Денот на национална борба на македонкиот народ.

 |  Валентина Неловска  | 
VMRO DPMNE
ВМРО ДПМНЕ

OK VMRO DPMNEОхридскиот општинскиот комитет на  Вмро Дпмне вечерва свечено ќе го одбележува националниот празник 23 октомври, Денот на национална борба на македонкиот народ. Како партија со национален предзнак и продолжувачи на традицијата на македонската национална борба ние свечено ќе го одбележиме празникот, вели Атанаско Михаилов, претседателот на општинскиот комитет на Вмро Дпмне. „Ќе им оддадеме почит на сите кои ги дадоа животите во борбата за самостојна, независна и суверена Македонија. Ќе им дадеме почит и на луѓето кои до ден денес се борат за опстојување на македонскиот идентитет и  покажуваат дека во континуитет тече македонската национална борба“.

Охридскиот општинскиот комитет на  Вмро Дпмне упатил покана за присуство на свеченоста, како што велат до сите релевантни општествени и политички субјекти. Михаилов објаснува дека се поканети партиите од Коалицијата, од опозицијата, градоначалнико Петрески, сите поголеми градски институции и медиумите.

charshijaЗабавата со која  Охридскиот општинскиот комитет на  Вмро Дпмне  ќе го одбележува  Денот на револуционерната борба ќе се одржува на плажата Кадмо.Инаку денес Охрид беше раздвижен и иако неработен ден во чаршијата беше видливо дека многумина работат, но имаше и такви што ставиле клуч на врата празнувајќи го како неработен ден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top