Кражбите на огревно дрво се намалуваат

Само 8 крадци на огревно дрво, годинава се откриени во нелегална сеча во рамките на Националниот парк Галичица. Сите кои нелегално сечеле дрва заработиле кривични пријави.

 |  Валентина Неловска  | 
drva
дрва

NP GalicicaСамо 8 крадци на огревно дрво, годинава се откриени во нелегална сеча во рамките на Националниот парк Галичица. Сите кои нелегално сечеле дрва  заработиле  кривични пријави. Оваа бројка споредена со минатата година е помала  за 4 пати. Лани  биле откриени околу  30 –тина диво сечачи нагласува директорот на НП, Зоран Анѓелоски.  Потенцира дека бројот на крадците во рамките на националниот парк е во големо опаѓање. Од година во година  пријавите што се поднесуваат за нелегална сеча на огревно дрво се во помал број објаснува Анѓелоски. Оваа тенденција директорот ја  објаснува со високите казни кои се пропишани со Закон,  како и зајакнатат контрола на нивните ренџерски патроли и  шумската полиција, како  и континуиранаат едукација на локaлното население од нивна страна.

НП „Галичица“ има право да стопанисува со шумата во паркот со сеча на огревно  дрво исто како и ЈП Македонски шуми, но во помал процент. Вршат продажба на огревно дрво. Годишно,според плнот н а управување  може да пласираат на пазарот до 6000 метри кубни огревно, буково и дабово дрво.

Огревното дрво сеуште важи за најупотребуван енергенс за греење на домаќинствата. Најголем снабдувач на огревното дрво во општинава е ЈП Македонски шуми. Остана безуспешен нашиот обид да стапиме во контакт со претпоставените од ова претпријатието за да добиеме информација каква е и тука состојбата со нелегалната сеча на шумата.

По се изгледа,  пред утрешниот празник на нашите телефонски повици никој не одговори  нити  од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во чии рамки функциоинира шумската полиција.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top