Освен по кусата расправија околу предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за управување со отпад во Југозападниот регион, тешко дека по друго оваа седница ќе остане запаметена.
Од најавените триесетина точки по дневниот ред, едвај неколку да беа изгласани. На самиот почеток од седницата советниците кренаа рачна. При утврдување на дневниот ред, советничката група на НСДП, со барање да се изземе предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за регионално интегрирано управување со отпад во Југозападниот регион. Имено од оваа советничка група потенцираа дека постојат голем број нејасниотии кои се однесуваат на постапката за доделување на концесија за управување со цврст одпад во овој регион. Од НСДП се сомневаат и во кредибилитетот на имплемнтаторот односно Регионалниот еколошки центар. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски, пак во одбрана на самиот проект изјави дека Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се влучи во процесот, со цел да се изнајдат најдобри решенија за соработка со идниот концесионер.
Инаку, општините се надлежни да го спроведуваат процесот за издавање под концесија на управувањето со отпадот. Исто така, тие треба да носат одлуки за технологијата на отстранување на отпадот и најсодветните форми на партнерство со приватниот сектор. Градоначалникот Александар Петрески, кој воедно беше и предлагач на оваа точка од дневниот ред, во одбрана на потребата од нејзиното изгласеување. Петрески објасни дека со ова ќе се овозможи да започне постапката, а после ќе следи изработката на студиите одредување на локации како и видот на третирање на отпадот. Градоначланикот потенцира дека е свесен оти и како регион, а и како општина сме последни во државава во решавањето на оваа проблематика.
Освен дискусијата околу оваа точка пред самиот прекин на седницата помина само одлуката за годишната програма за згрижување и воспитно-образовна работа на јавната општинска установа за деца – детската градинка „Јасна Ристеска“ Охрид за учебната 2010/2011 година. За останатите предлог- одлуки ќе се расправа и одлучува на продолжението на оваа седница, која беше прекината поради немање кворум.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град