„Лудото патување“ легално, велат од пазарната

„Лудото патување“ кое  на Охриѓани им се нуди за 219 евра е легално, велат од пазарниот инспекторат. Началникот Ѓоко  Бошалевски за Тв М истакна дека ова тело задолжено за контрола на Законот за туристичка дејност по добиената претставка за организирање на туристичко патување, која пристигнала кај нив, веднаш пристапиле кон откривање на околностите под кои се организира ова патување.

 |  Татјана Маленкова  | 
ludo patuvanje
лудо патување

„Лудото патување“ кое  на Охриѓани им се нуди за 219 евра е легално, велат од пазарниот инспекторат. Началникот Ѓоко  Бошалевски за Тв М истакна дека ова тело задолжено за контрола на Законот за туристичка дејност по добиената претставка за организирање на туристичко патување, која пристигнала кај нив, веднаш пристапиле кон откривање на околностите под кои се организира ова патување.

ludo patuvanje„Констатиравме дека се работи  за патување на туроператор од Прага – Чешка, кој има склучено договор за патување со туристичка агенција во Македонија. По Законот на Р Македонија  таа агенција поседува лиценца А. Тој договор е склучен со ТА од Скопје, поточно станува збор за Хисар Туризам“, вели началникот на пазарен инспекторат, Ѓоко Бошалевски.

И покрај оваа изјава на началникот сепак останува отворено прашењето, зошто агентите за продажба на ова патување го кријат името на агенцијата која го организира патувањето, зошто средбите со заинтересираните ги закажуваат во кафе барови, кога Хисар Туризам има свои канцеларии во Охрид и зошто кажуваа жиро сметка од позната охридска фирма, а не од ТА организатор на патувањето.

Од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот побаравме став како тие гледаат на овој случај и каде според нив се крши Законот за туризам на Р Македонија.

„ Спорно е што на флаерот не е назначен организаторот, а треба да стои за да потенцијаните клиенти може да се јават во седиштето на организаторот“, истакна заменик директор на Агенција за промоција и подршка на туризмот, Владо Сукловски.

Сукловски објаснува и како овие патувања според Законот треба да се организираат, а се да биде легално.

„ Овие аранжмани мора да ги склучува агенција со лиценца А, таа агенција со гостите склучува патничко и лично осигурување. Ако е странски туроператор тогаш мора да има домицилна агенција која за сметка на странскиот оператор ќе ги продава аранжманите. Тоа треба да се испочитува во прв ред“, вели Сукловски.

Туристичките работници задоволни што конечно некои проблеми излегоа на површина и бараат надлежните посериозно да се зафатат со санкционирање на сите кои придонесуваат во Македонија да царува сивата економија. Претседателот на Комисијата за туризам при локалната самоуправа Верица Хајба вели дека се додека Локалната и Пазарниот инспекторат си ја префрлаат топката од едни на други Охрид како туристичка дестинација ќе трпи.

„ Два три пати имам свикано седница бидејќи и како туристички работник имав увидено дека сивата економија подолг период претставува проблем за развој на туризмот на Охрид, а она што ни се случува се глада дека некој си зел за право да навлезе во туристиката дејност, а настрана од сето тоа стои Пазарната инспекција“, вели Хајба.

Хајба апелира и до локалната инспекција и до пазарниот инспекторат да не ги префрлаат ингеренциите во соптвеното работење, а работата да си ја работат како што треба, само така може да се спречи сивата економија,  додаде претседателот на Комисијата за туризам при локалната самоуправа .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top