Државното земјиште во Охрид не ќе да е едно евро

Во Охрид цената за откуп на државно градежно земјиште е многу повисока од само едно евро, посебно во делот на крајбрежјето каде таа достигнува и до 700 евра по метар квадратен.

 |  Билјана Николовска  | 
Ohrid
Охрид

Не секое градежно земјиште може да се откупи од државата за едно евро. Според најновите измени на законот за градежно земјиште на седницата на Владата на РМ одржана кон крајот на јули годинава, донесена е нова уредба. Таа се однесува на изменување и дополнување на уредбата на начинот и постапката на оттуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со јавно наддавање, по пат на прибирање понуди и со непосредна спогодба, висината на трошоците на постапката за оттуѓувањето и давањето под закуп, како и висината на цената на земјиштето и на закупнината.

TanasoskiРаководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски кон оваа уредба гледа со доза на резерва и кажа конкретен пример како би изгледала примената на оваа уредба. „Во Охрид откуп на државно градежно земјиште во крајбрежната зона е 700 евра по метар квадратен“, вели Танасоски

Тој додава дека досега никој нема пројавено интерес за склучување спогодба по најновата уредба на Владата. Додава, дека и Владата не може да се справи, доколку би се јавила како купувач.

Астрономските цени кои заинтересираните треба да ги платат за оттуѓување на градежното земјиште кое е во сопственост на Р. Македонија, во најмала рака претставува дирекна опструкција за влез на странските инвеститори, кои сакаат да вложуваат во изградба на капитални угостителски објекти, вели Танасоски. Од Министерството за транспорт и врски до затворањето на дневникот не успеавме да добиеме одговор, односно, кој е нивниот став во врска со најновите измени на законот за градежно земјиште во делот на оттуѓување градежно земјиште сопственост на РМ.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top