Хорор во урбаната сфера

Историска седница на Советот на Општина Охрид. Продолжението на 24 тата седница беше во знакот на неретко спорните нацрт планови и локалните плански документации.

 |  Билјана Николовска  | 
karta
karta

Позади партискиот став на СДСМ застана Томислав Тунтев. Тој во негов стил кажа дека, доколку на секоја точка од дневниот ред поврзана со урбаните документации, се изнесува непринципиелното на принципиелниот став на ДПМНЕ, ќе дојде, како што кажал некој негов војнички другар: „Јас имам еден принцип, никогаш не се држам до моите принципи“.
Дека се постави знак прашалник по однос на двете спорни точки од дневниот ред на 24 седница, кои се однесуваа на донесување одлуки за локални плански документации, докажува одложувањето на овие точки за некоја наредна седница. Очигледно, туристичкиот комплекс Горица, за кој беа локалните плански документации и кој требаше да помине на вчерашната седница, отвори сомнеж и кај советниците на СДСМ, кои воздржано се произнесоа по оваа предлог одлука. Останатите неколку точки од оваа историска седница, поминаа безболно, во неколку минути, наспроти часовните дебати за изработката и донесувањето на локалните плански документации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top